Премиерот на Мали, Шеик Диара објави денеска дека поднесува оставка неколу часа откако беше приведен од армиски сили кои извршија преврат кои на 22 март го симнаа од власт претседателот Амаду Туре.
– Јас, Шеик Модибо Диара, поднесувам оставка заедно со мојата влада, изјави премиерот во кусото обраќање преку телевизијата. Тој не ја кажа причината за оставката. Им заблагодари на соработниците и им посака успех на новите раководители кои ќе ја преземат власта.
Северните реони од Мали се под контрола на вооружени исламисти поврзани со Ал Каеда.
Диара беше приведен синоќа во домот во Бамако од дваесетина војници по заповед на капетан Амаду Саного, шеф на тимот армиски сили кои извршија воен удар на 22 март. По превратот, северниот дел од Мали беше заземен од исламистите.