Откупени над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196.82 денари

Од:

Заклучно со вчера, девет компании од 10 откупија над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196,82 денари од реколтата за 2016 година. Согласно Законот за тутун, исплатени се 98 проценти, односно 4.873.724.751,49 денари, информираше денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.

– Во текот на откупот немаше проблеми во целиот процес, ниту по квалитативните ниту по квантитативните методи, освен кај две кутии кои беа спорни, односно комисиски беа прoценувани во текот на откупот, истакна Трипуновски.

Појасни дека фирмата Струмица табак не ги исполнувала условите за откуп, а сета количина од таа компанија во договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја преземале останатите компании.

Реколтата 2016 година тежела точно 25.152.000 килограми и е со вредност од 4.950.440.160,45 денари.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше