ЛДП: Победата на либералната партија во Холандија е победа на концептот за обединета Европа

Од:

„Либерално-демократската партија на Македонија упатува искрени честитки до Народната партија за слобода и демократија (ВВД), на премиерот Марк Руте, за победата на парламентарните избори во Холандија.

Народот на Холандија јасно се определи за победа на демократските сили над популистичките и националистички трендови кои се закануваат на стариот континент.

Концептот на обединета и силна Европа е се’ побезбеден!

Повторната победа на сестринската либерална партија во Холандија е аргумент повеќе и за Република Македонија да не скршнува од патот кој води кон Европската Унија и НАТО.

Нашата држава треба да го следи примерот на Холандија, која во овие тешки моменти за Европската Унија, покажа демократска зрелост и одбра да продолжи по Европскиот пат, за една обединета Европа, бидејќи само таква Европа може да се справи со глобалните предизвици.

И токму во овој контекст, уште еднаш го повикуваме претседателот Ѓорге Иванов да не се спротивствува на волјата на мнозинството гласачи и да го додели мандатот за состав на нова влада на здружената опозициска коалиција, бидејќи унитарноста на Македонија ќе биде побезбедна во евроинтегративните процеси.

Воедно, предупредуваме дека изборот на претседател на Собранието мора да биде поврзан со изборот на нова влада која ќе ги преземе сите мерки за смирување на кризата и нормализирање на состојбите во државата“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство