Кампањата „ЕУ за Вас“ во Валандово

Од:

Евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар денеска ќе престојува во Валандово како дел од активностите за кампањата „ЕУ за Вас“

Жбогар ќе има средба со градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски за реализацијата на проектот за квалитет на животот како предуслов за напредок и одржлив развој во пограничниот регион.

Проектот, во вредност од 800.000 евра, е финансиран од програмата за прекугранична соработка на Европската унија.

Амбасадорот Жбогар ќе го посети и Центарот за социјална работа од Валандово, којшто е реновиран со средства од Европската унија.

Целта на кампањата „ЕУ за Вас” е да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во државава.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина