Вајгл: Демократските правила налагаат влада да формира тој што има мнозинство во Парламентот

Од:

Чинот кога премиер на соседна држава повикува претставници на политички партии да се договараат за владина програма вреди да се осуди, вели известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Тој додава, дека, сепак, демократските правила налагаат влада да формира тој што има мнозинство во Парламентот.

– Мислам дека почетокот на таа приказна е состанокот во Тирана, кој е непримерен. Тоа го реков кога премиер на соседна држава повика претставници на политички партии да се договараат за владина програма. Тој како чин вреди да се осуди, но тоа не е доволно голема причина за да не се создаде владата и да се продлабочуваат меѓуетничките конфликти. Тоа не е добро и штетно е за интересите на Македонија како држава, рече Вајгл.

За најновиот развој на ситуацијата во Македонија, Вајгл изрази загриженост. – Нашиот единствен мотив е цело време да бидеме објективни и корисни за македонската држава и македонскот народ. Таа објективност ја задржав од првиот ден, не сум навивач ниту за едната ниту за другата опција. Но, се знае како се игра по правилата на демократијата, тој кој е способен да има мнозинство во парламентот има право да формира влада. Тука нема друга варијанта, рече европратеникот Вајгл.

Најави дека за време на сесијата во Стразбур треба да одржи заеднички работен состанок со другите европратеници задолжени за Македонија, Ричард Ховит и Едуард Кукан и со комесарот Јоханес Хан, на кој ќе стане збор за тоа што можат да направат за да ѝ помогнат на Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски