Судијата Рибарев ја презеде функцијата в.д. претседател на Основиот суд Скопје 1

Од:

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска в.д. претседателот на судот, судијата Татјана Михајлова му ја предаде функцијата на судијата Стојанче Рибарев кој од денеска започна со извршување на функцијата в.д. претседател на судот.

– Воедно во текот на денешниот ден, новиот в.д. претседател одржа состанок со сите судии при овој суд, како и состанок со раководителите на судската администрација, за тековните активности и работа во судот, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Оттаму истакнуваат дека со цел транспарентно и прецизно информирање на јавноста во текот на утрешниот ден на веб – страницата на судот ќе биде објавен месечниот извештај за работа на судот за изминатиот месец.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО