Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани денеска изјави дека на полскиот европратеник Јануш Корвин-Мике му следи висока казна, оти ги навреди жените, пренесе БТА.
Корвин-Мике е независен европратеник и евроскептик. Тој, според санкциите, нема да ги добива дневните додатоци кон својата плата во рок од 30 дена, нема да може да ја извршува парламентарната дејност 10 дена и ќе му биде забрането да го претставува ЕП во рок од една година.
Според Тајани, Полјакот со своите изјави ги погазил основните европски вредности.
Полскиот пратеник, токму на почетокот на овој, „женски месец“, во свое излагање тврдеше дека жените „помалку интелигентни од мажите“ и дека треба да земаат пониска плата.