Запленети 27.700 фалсификувани евра на Табановце

Од:

На граничниот премин Табановце е спречен обид за изнесување од државата на 27.700 фалсификувани евра.

Царинската управа денеска соопшти дека случајот е откриен вчера околу 7 часот наутро.

Парите се пронајдени во патничко возило со српски регистарски таблички. Биле сокриени во наслонот меѓу предните седишта, во врзано снопче со ластик замотани во бела хартија.

– Царинските службеници забележале дека има 39 банкноти во апоени од по 100 ЕУР со ист сериски број, понатаму увиделе и дека 39 банкноти во апоени од по 200 ЕУР имаат ист сериски број, како и дека 32 парчиња во апоени од по 500 ЕУР исто така имаат ист сериски број. При преглед со УВ лампа констатирано било дека девизите се со лош квалитет и се фалсификувани, информира Царинската управа.

Од спроведената предистражна постапка, собрани се докази кои укажуваат дека лицето само ги фалсификувало парите. Против него е поднесена кривична пријава за фалсификување пари и тој е лишен од слобода. Предаден е на судија за претходна постапка во Основниот суд во Куманово кој му одреди мерка претпазливост – привремено одземање на патна исправа со обврска да се јавува во судот два пати неделно.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ се чека половина час за излез од Македонија

А1он

Гужва на „Табановце“, се чека 30 минути

На „Табановце“ времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути

На „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути

На „Табановце се чека до 40 минути, на „Богородица“ половина час

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање за излез преку Богородица и преку Табановце