Компанијата БМВ соопшти дека забележала рекордна продажба за месец февруари; бидејќи минатиот месец во светот продале 169.073 возила БМВ, Мини и Ролс-Ројс (што е раст од 3.1 отсто во споредба со февруари минатата година).
Самиот БМВ пласирал 147.769 автомобили (раст од 3.0 отсто), при што голем придонес дале моделите Х1, Х5 и Серијата 7 (со раст на продажбата од 36.1 отсто, 15,8 отсто т.е. 34,7 отсто). Подобри резултати од продажбата се очекуваат во иднина и тоа благодарение на пазарниот старт на новата Серија 5.
Што се однесува до продажбата во првите два месеца оваа година, Групата БМВ во тој период пласирала 332.369 возила (раст од 4,9 отсто), од кои 291.347 БМВ автомобили (зголемување од 5.0 отсто).
Исто така, пораснала и продажбата на нивните електрчни автомобили, бидејќи во првите два месеца во 2017 година биле купени над 10.000 такви возила (раст од дури 110,1 отсто). И тука се очекува раст, бидејќи БМВ 530е иПерформанс почнува продажба кон средина на март, а испораките на Мини Купер S E Countryman стартуваат во јуни.