Меј: Шкотската национална партија има „ограничена визија“ за излегувањето од Велика Британија

Од:

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека Шкотската национална партија има „ограничена визија“ за излегувањето од Велика Британија.

– Ограничената визија која СНП ја покажа денеска е за длабоко желење, рече Меј.

Изјавата беше дадена по повод барањето на шкотската премиерка Никола Старџен да се одржи референдум за независност. Во крајот на 2018 година, односно почетокот на 2019 година. Таа наведе дека е многу важно Шкотска да преземе активни чекори за да ги заштити своите интереси додека Британија се подготвува да излезе од Европската унија.

– Наместо да си игра политика со иднината на нашата држава, Владата на Шкотска би требало да се фокусира на формирање добра управа и јавни служби за граѓаните на Шкотска. Политиката не е игра, нагласи Меј.

Шкотските гласачи отфрлија опција за независност на референдум во 2014 година, но Старџен наведе дека одлуката на Британија да ја напушти ЕУ го променила околностите.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП