На денешната вонредна седница на Судскиот совет за претседател на Врховен суд е избран Јово Вангеловски за кого гласале 12 членови на Советот, а еден против. Ова не е прв пат Вангеловски да се наоѓа на оваа позиција со оглед на тоа дека беше претседател на Врховниот суд и пред четири години при што тогаш не се кандидираше за продолжување на мандатот.
На седницата е избран и Стојанче Рибарев за нов в.д. претседател на Основен суд Скопје 1.
Вангеловски беше кандидат за оваа функција заедно со судијката во Врховен суд Лидија Неделкова, в.д. претседателката Снежана Бајлозова, и судијката Беса Адеми.