Конфсикувани 26 мрежи во реката Брегалница

Од:

Рибочуварската служба на Здружението на спортски риболовци „Брегалница“ – Штип денеска конфискува 26 мрежи по течението на реката Брегалница.

Спопред Марјан Јосифов од Рибочуварската служба, рибокрадците не се фатени, но уловената риба која била во мрежите е пуштена во реката.

– Запленети се 26 мрежи на потегот од село Доброшани до Јамуларци. Рибокрадците се во бегство, рибата е пуштена во реката, а мрежите се одземени, изјави Јосифов.

Од рибочуварската служба на здружението на спортски риболовци „Брегалница 2011″ велат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо за да се стави крај на рибокрадството со кое се уништува на рибниот фонд во реката Брегалница.

Согласно законската регулатива, ако рибокрадец се фати на лице место, предвидени се прекршочни пријави и глоби од 500 до 1.000 евра.

Од здружението потсетуваат дека сите што сакаат да бидат риболовци, може да се зачленат и да добијат легитимација и потребни дозволи за риболов. Канцеларијата е отворена секој понеделник, среда и петок од 17 до 19 часот.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор