Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека не планира да води кампања пред претседателските избори, што треба да се одржат следната година.
Тој, во првата изјава откако објави дека ќе се кандидира за нов петгодишен мандат, истакна дека нема да учествува во какви било дебати со другите претенденти.
Земан (72) потенцира дека здравствената состојба му е стабилна, а дијабетисот и невропатијата не му се проблем.