(ВИДЕО) Заев: Нема двојазични банкноти и униформи, лага е дека сите ќе мора да го учат албанскиот јазик

Од:

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на прес конференција ја објави новата владина програма и очекува во следните 10 дена Ѓорге Иванов да го даде мандатот.

Во програмата, за која најави дека ќе донесе подобар живот за македонските граѓани, Заев објасни и како ќе се овозможи унапредување на употребата на јазиците во Македонија.

„Ако некој граѓанин има право да го зборува својот мајчин јазик, тоа не значи дека некој друг губи. Напротив, добива Македонија“, рече Заев.

Тој појасни дека граѓаните Албанци во Македонија ќе можат во институците да се обраќаат и да поднесуваат барања на својот мајчин јазик.

Заев рече дека не само Албанците туку и другите малцинства во земјата, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, ако се 20 отсто во општината каде живеат ќе можат да се обратат до институциите на својот мајчин јазик.

Тој рече лага е дека сите во училиштата ќе мора да го учат албанскиот јазик. Потенцира дека Уставот на никој начин нема да биде погазен со овозможувањето на употреба на јазиците во Македонија.

Заев потенцираше дека по консултацијата со експерти, нема да има двојазични банкноти или униформи, бидејќи тоа не е во согласност со Уставот зошто денарот и униформите се употребуваат на целата територија на Република Македонија.

Заев нагласи и дека нема промена на химната и знамето, но дека нема ништо лошо во тоа да се дозволи дебата за секое прашање и да се разговара за сечиј став и мислење. Тој кажа дека никој не може да го промени името на државата, освен граѓаните на референдум.

Денеска ја презентираме програмата на Владата овде, затоа што не е возможно тоа да биде во Собранието. Ќе се обидеме да ги отстраниме сите сомнежи на претседателот Ѓорге Иванов за да може тој во рок од 10 дена да го даде мандатот. Иванов со неговата одлука нанесе државен удар на Македонија, додаде тој.

Денеска во писмена форма на претстедателот Иванов ќе му биде доставена програмата на новата владина коалиција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски