ФОТО: Стара фабрика трансформирана во модерен дом

Од:

Шпанскиот архитект Рикардо Бофил трансформираше една стара фабрика за цемент во модерн дом за неговото семејство.

Бофил за своето дело бил инспириран од бруталноста во објектот и парадоксалните елементи во фабриката, како скалите кои не водат никаде, апсурните елементи кои висат над празен простор и некорисните простории со чудни пропорции. Трансформирајќи ги овој простор во уметничко дело, тој докажал дека на секоја просторија може да и се најде намена, доколку се добро се осмисли.

Горниот дел на фабриката е претворен во спална соба. Станува збор за просторија во форма на коцка со сферни прозорци, чиј ритам потесетува на сосема поинакви метафизички перспективи.

Кујната и трпезаријата се сместени во призмениот дел. Во овој простор доминира двостран камин, кон кој совршено се вклопуваат мермерната трпезарсика маса со железни ногарки и столиците.

Во меѓу просторот е сместена собата за дневен престој во која се истакнуваат софа и клуб столови.

Изборот на елементите при декорирањето на ентериерот предизвика изненадување за оние кои ќе дознаат дека овој топол простор, некогаш бил студена бетонска фабрика.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска