(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Не се важни ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ, важна е Македонија

Од:

„Господине Велески,

Не постои прилепчанец што би посакал денес да биде во Ваша кожа! Жално е, што Вие како Претседател на OO СДС, денес се доведовте во ситуација да го браните аболицираниот криминалец, плус предавник, Зоран Заев и неколку луѓе околу него.

Господине Велески, дали сте свесен дека Вие денес си дозволивте да застанете и да зборувате пред симболот на „ГЕНОЦИДОТ“ во нашиот град, како што кажаа Заев, Шеќеринска, a еве за жал и локалната организација на СДСМ во Прилеп.

Жално за секој Македонец кој денес ќе Ве слуша.

Вие денес покажавте дека се однесувате како да не живеете на овој свет, како да не живеете во Прилеп, како да не живеете во Македонија?!

Вашиот претседател шета по Европа заедно со Села кој вели дека македонски народ нема! Од Сараево испраќа порака дека во Македонија втор слижбен јазик е албански. Ни кажува дека не е ништо страшно партизаните да се обвинат за геноцид.

Бујар Османи вчера повторно даде изјава дека предавникот Заев договорил преговори за промена на химната, знамето…дека договорил двојазичност на цела територија на државата…договорил македоските денари да бидат двојазични! На последните парламентарни избори граѓаните гласаа за програми, а не за платформи договорени во туѓи држави!

Господине Велески, сега не станува збор ни за ВМРО – ДПМНЕ, ни за СДС,…сега е важна Македонија! Македонскиот народ, прилепчани, нема да дозволат Заев да ни ја продаде државата…нема да дозволат уништување на македонскиот јазик, оти господине Велески, јазикот на еден народ е неговото духовно богатство и наследство! Затоа Македонци,сите заедно, без разлика на партиска, етничка, религиска припадност, треба да застанеме рамо до рамо и да се избориме со предавниците на Македонија!

Јазикот е нашата татковина!

Македонскиот јазик е нашата Македонија!“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања