Доналд Туск реизбран за претседател на Европскиот совет

Од:

Полјакот Доналд Туск реизбран е за претседател на Европскиот совет и покрај противењата на неговата родна земја.

Туск е реизбран за претседател на Европскиот совет со мандат од две ипол години на денеска започнатиот дводневен самит на Европската унија во Брисел.

– Ви благодарам за поддршката, изјави Туск и вети дека ќе го даде најдоброто од себе со цел да ја направи ЕУ подобра.

Според извор од Брисел Туск добил поддршка од 27 од 28-те земји членки, пренесува БТА.

Претходно, владејачките конзервативци во неговата родна Полска се спротивставија на неговата кандидатура, со образложение дека е политички пристрасен и се меша во внатрешните работи на земјата. Тие дури подигнаа алтернативен кандидат за претседател на Европскиот совет – полскиот европратеник Јацек Сариуш- Волски.

Туск, поранешен полски премиер либерал, ги негираше обвинувањата од конзервативната влада во својата татковина, што за возврат беше критикувана од Брисел за кршење на принципите на правната држава.

Сегашниот, прв мандат на претседателот на Европскиот совет истекува на 31 мај. Со реизборот тој ќе остане на функцијата до крајот на ноември 2019 година.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Доналд Туск: Победата на Трамп ќе има последици за европската безбедност