Во крводарителска акција во СВР Тетово собрани 45 единици крв

Од:

Во првата крводарителска акција што годинава се организираше во СВР Тетово собрани се 45 единици крв.

– Вработените во СВР Тетово уште еднаш ја покажаа и докажаа нивната несебичност и хуманост. Меѓу крводарителите кои и денеска ги подадоа своите раце и даруваа дел од себе за да продолжат и спасат други човечки животи, голем беше бројот на повеќекратните дарители со по 20, 30, 40 и повеќе крводарувања досега, но имаше и поединци кои тоа го направија првпат. Во наредниот период, до крајот на годината, претстојат уште две вакви акции, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Тој посочи дека поради големиот интерес за крводарување се очекува годинава да биде надмината бројката од 100 единици крв колку што вкупно се собрале лани во СВР Тетово каде, како што рече, крводарувањето има успешен континуитет и на што му се посветува посебно внимание пред се за неговата афирмација и унапредување меѓу помладите вработени.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски