Во Штип одбележани 74 години од депортацијата на Евреите

Од:

Со положување цвеќе пред споменикот на Холокаустот и седница на Советот на општина Штип денеска беа одбележани 74 години од депортирањето на 553 Евреи кои на 11 март 1943 година беа однесени во концентрациониот логор Треблинка.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека градот Штип има голема одговорност кон Еврејската заедница, посочувајќи дека минатата година е завршен патот до Еврејските гробишта во Штип, целосно е уреден просторот околу нив, а обновен е и споменикот посветен на Евреите кои биле убиени во Треблинка.

– Споменот за Евреите во нашиот град мора да го чуваме, не само преку овие настани. Затоа што не смееме да дозволиме денес во 21 век, по 75 години од завршувањето на Втората Светска војна, на нашите простори на некој да му сметаат симболите на револуцијата, слободата, местата означени како терор, како насилство, рече Захариев.

Пепо Леви од Еврејската заедница во Македонија посочи дека при депортацијата се спасиле само неколкумина Евреи од Штип.

– Поминаа 74 години. Градот Штип, нивните роднини, Република Македонија и светот не ги заборавија залудните жртви на сулудиот нацизам. Таа трагедија го сплоти македонскиот и еврејскиот народ. Направи нераскинлива врска меѓу двата народи за да живеат во слога, мир и хармонија, рече Леви.

Во Штип денеска беше отворена и изложба „Холокаустот низ призмата на детските очи“.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово