„Ауди“ во Женева пристигна со новата генерација на моделот „РС5 Купе“ што доби нов 2.9-литарски В6 би-турбо мотор.
Под хаубата сега се наоѓа новиот 2.9-литарски В6 би-турбо мотор, што го движа и „Порше Панамера 4С“, но со 450 кс (336 кW) е посилен од спортската лимузина од Штутгарт. Во споредба со модел „РС5“ во заминување, максималниот вртежен момент сега е значително зголемен (+170 Нм) и изнесува дури 600 Нм.
Со намалена маса за 60 килограми, „Ауди РС5 Купе“ за 2018 година во состојба е од 0 до 100 километри на час да забрза за само 3,9 секунди, што, на пример, е во рангот со моделот „Алфа Ромео Џилиа Ку-Ве“ што развија 510 коњски сили.
Со опцискиот „Динамик“ пакет, максималната брзина на новиот „Ауди РС5 Купе“ изнесува 280 километри на час.