(ВИДЕО) Иновација на „Најк“: Хиџаб за спортистки

Од:

„Најк“ неодамна го промовираше својот нов производ – спортски хиџаб, наменет за спортистките од исламска вероисповест.

Прекривањето на главата во спортот е се уште забрането, речиси во секој спорт. Меѓунардоната фудбалска федерација (ФИФА) ги дозволи хиџабите дури во 2014, додека пак Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), се уште ги забранува.

„Најк Про Хиџаб” е изработена од лесни и проѕирни материјали кои, како и кај досегашната опрема обезбедува оптимален проток на воздух дури и при високи температури. „Најк“ го развиваше овој производ речиси една година, а прва која го тестираше, беше лизгачката Захра Лари, пренесува „Гардиан“.

Спортскиот хиџаб ќе се најде на пазарот наредната 2018 година и тоа во три бои: црна, сива и опсидијан црна.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска