„Мекларен 720С“: Оптимална комбинација на моќност и аеродинамика

Од:

Најновиот алуминиумско-карбонски двосед на „Мекларен“ – 720С го покренува централно сместен В8 мотор со 720 коњски сили, што е доволно за развивање максимална брзина од 341 километри на час.

Полесен, посилен и побрз од моделот 650С, чии наследик е, новиот модел „Мекларен 720С“ се карактеризира со супериорни аеродинамични решенија со што инженерите на оваа позната британска компанија во овој случај остварија двојна корист: моторот има подобро ладење, а автомобилот чија маса изнесува 1.270 килограми истовремено има и многу подобро кочење.

Еден од значајните елементи на аеродинамичниот пакет на „Мекларен 720С“ секако е и активниот заден спојлер, чија ширина е еднаква на ширината на каросеријата. Спојлерот во оптимална позиција се поставува автоматски, а при посилно кочење ја презема улогата на ефикасна воздушна сопираччка со што дополнително се намалува должината на патот потребна за запирање на автомобилот.

Во комбинација со карбонско-керамички сопирачки, на 720С од 200 километри на час до целосно запирање му се потребни 4,6 секунди.

Интересен детал во минималистички средената патничка кабина е инфо дисплејот пред возачот, кој може да се преклопи, што обезбедува и подобра видливост.

Новиот четирилитарски битурбо В8 мотор располага со 720 коњскисили при 7.500 вртежи во минута и 728 њутн метри вртлив момент при 5.500 вртежи во минута, што на задната осовина се дистрибуира преку седумстепен автоматски менувач.

Базиран на 3,8-литарскиот мотор на „Мекларен“, двигателот во 720С за само 2,8 секунди забрзува од 0 до 100 клометри на час.

„Мекларен“ најави дека 720С ќе биде околу пет отсто поскап од моделот 650С, а првите испораки се очекуваат во мај.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска