Средба на министерот Попоски со делегација на ИХРА

Од:

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски оствари средба со шефот на делегацијата на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (IHRA), амбасадорот Јан Дебоут.

Соговорниците разговараа за активностите што ги спроведува Меѓународната алијанса, како и за активностите што се реализираат во Република Македонија на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот.

Министерот Попоски изрази задоволство од испраќањето на висока делегација на ИХРА за прв пат во Република Македонија, по повод 11-ти Март – Денот на депортација на Евреите од Македонија, во чии рамки ќе се одржат комеморативни настани во Скопје и Битола.

– За време на средбата беа искажани и заложбите од нашата држава и ИХРА во светло на можно станување на полноправна членка на Република Македонија во оваа Алијанса, се наведува во соопштението од МНР.

ИХРА е меѓувладино тело кое служи како платформа каде што претставници на владите на нејзините земји-членки, како и национални и меѓународни експерти разменуваат идеи и искуства во врска со политиките на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот во светот. Во ИХРА членуваат 31 држава, а застапени се и 11 држави со статус на набљудувачи, меѓу кои и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија