Изложба на дела од скулпторот Васил Василев во галеријата „Остен“

Од:

Во рамки на оф-програмата на Остен Биеналето на цртеж, денека напладне во Галерија „Остен“ ќе биде отворена изложба на објекти, скулптури и цртежи на Васил Василев, еден од најзначјните македонски современи скулптори.

На настанот ќе биде промовирана и графичка мапа „Асоцијативни форми”, со што Василев ќе биде дел од уметниците кои се претставени со свои графички мапи во библиотеката на графички мапи „Светско културно наследство” – проект кој Остен го почна во 2015-та по повод 70 години од постоењето.

– Василев е важен соработник на Остен. Тој е добитникот на наградата ИМАФ (Интернационална фондација за музика и уметност) на Остен Биенале на цртеж Скопје 2016 и е прогласен за Остенов уметник на годината 2016, информира „Остен“.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи