Арифи го посети гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Тетово

Од:

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска по повод Денот на жената 8-ми март го посети гинеколошкото одделение при Клиничката болница во Тетово.

Поосчи дека станува збор за редовна посета на ова одделение на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.

– Имајќи го предвид фактот дека мајчинството е голема жртва на жените и на овој начин сакаме да оддадеме почит на тие жени, а во име на тоа и сите жени и сите мајки кои даваат еден голем придонес за нашето општетсвото. Ја користам приликата да им честитам на сите дами, на сите мајки и сестри 8 март заеднички да ја унарпедиме позиција на жената бидејќи со еднаковост на жената има праведност во општество, изјави Арифи.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на распишувањето на локалните избори, Арифи изјави дека тоа е проблем на сите политички партии и оти треба да се бара некое законско решение имајки во предвид дека општинските власти имаат директни ингеренции кои се однесуваат на граѓаните и на функционирање на градовите.

– Мислам дека ќе се најде еден заеднички интерес ако се одлагаат локалните избори да не се одлагаат многу и се тоа да биде во рамки на законите, рече Арифи.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски