Во јануари издадени 368 одобренија за градење

Од:

Во јануари годинава се издадени 368 одобренија за градење што е за 39,9 проценти повеќе во однос на јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.260.686.000 денари што е за 69,2 процента повеќе во однос на претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 226 (61,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 41 (11,1 проценти) за објекти од нискоградба и 101 (27,5 проценти) за објекти за реконструкција.

Кај 248 (67,4 проценти) од објектите инвеститори се физички лица, а кај 120 (32,6 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 503 станови со вкупна корисна површина од 47.421 метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он