Официјално претставен „Ламборџини Хуракан Перформанте“

Од:

„Ламборџини“ ја претстави производната верзија на моделот „Хуракан Перформанте“, за кој европските купувачи ќе треба да издвојат по 195.040 евра.

На аросеријата на „Хуракан Перформанте“ можат да се видат детали кои потсетуваат на деталите карактеристични за тркачкиот модел на „Ламборџини“, „Хуракан Супер Трофео“

Во однос на стандардниот „Ламборџини Хуракан“, „Перформанте“ е полесен за 40 килограми, што е резултат на користење на ултра лесни композитни материјали од кои се направени одбојниците, предниот и задниот спојлер, задниот дифузер, капакот на моторот и деталите во кабината, како и полесниот издувен систем.

Со активните аеродинамични компонентни, кои „Ламборџини“ првпат ги користи на стандаредн модел и централно поставениот атмосферски 5,2-литарски В10 мотор со 639 коњски сили и 600 њутн метри најголем вртлив момент, „Хуракан Перформанте“ oд 0 до 100 километри на час забрзува за 2,9 секунди и развива 325 километри на час.

Преносот на моќноста на задната осовина се врши преку ракалибриран седумстепен менувач со две квачила.

Почетната цена на „Ламборџини Хуракан Перформанте“ во Европа изнесува 195.040 евра, а првите примероци во продажните салони ќе стигнат на почетокот на летото.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска