Словенечкиот амбасадор Јазбец во посета на Велес

Од:

Амбасадорот на Република Словенија во Македонија Милан Јазбец денеска ја посети Општина Велес, од каде што информираат дека на средбата со својот домаќин, градоначалникот Славчо Чадиев, разговарале за многу актуелни теми од политичкиот и општествениот живот во државата и во градот.

– На средбата беше потенцирано дека двете земји, како и општините од Македонија и Словенија, може да соработуваат во многу области за реализација на заеднички проекти во интерес на продлабочување на заемната соработка и заедничките интереси, информираше Чадиев.

Амбасадорот Јазбец попладнево во локалната библиотека во Велес присуствуваше и на промоција на стихозбирката „И ти светнува парче убавина“ од група на словенечки поети.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон