Средби на министерот Попоски со европратеници во Брисел

Од:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски во Брисел оствари средби со членови на Европскиот парламент каде во фокусот се дискусии околу Резолуцијата за Република Македонија. Како што соопшти МНР, Попоски истакнал дека регионот минува низ фаза на тензии и прашалници за иднината.

– ЕУ е истовремено под влијание на внатрешните проблеми. Во такви околности, за нас е најпаметно да се обединиме околу интеграција во Унијата и вистинските вредности кои се подзаборавени. Тоа е секако покорисно, отколку да си ги прецртуваме границите. Брисел може да помогне со тоа што ќе го направи членството достижно и реално за оваа генерација македонски граѓани, истакнал Попоски.

Шефот на македонската дипломатија, информира МНР, се сретнал со Алојз Петерле копресетдавач со Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, Иво Вајгл, известител за Република Македонија во ЕП, Дејвид Мекалистер претседавач со Комисијата за надворешни работи на ЕП-АФЕТ, Елмар Брок, претседател на Европските федералисти, Жозеф Дол, претседател на Европската народна партија, како и со повеќе членови на Комитетот за надворешни работи на ЕП, меѓу кои и Тонино Пицула, Туне Келам и Чарлс Танок.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија