АХВ: Увезениот мед е безбеден, ги исполнува сите законски акти за продажба во Македонија

Од:

Увезениот мед што се продава на македонскиот пазар е безбеден и ги исполнува сите законски и подзаконски акти да се продава во Република Македонија, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откако пчелари од Делчево и од Македонска Каменица побараа да се испита поради наводни сознанија дека е фалсификат.

Според АХВ, инспекциските служби вршат контроли на увозот на секоја пратка мед во земјава.

– Минатата година увезени беа 188.099 килограми мед, од Молдавија 126.000, од Србија 61.912 и од Франција 187 килограми. Како небезбедна, од страна на официјалните ветеринари, уништена е само една пратка со органски мед, во количина од 2.72 килограма, со потекло од Велика Британија, заради отсуство на ветеринарно здравствен сертификат, кој задолжително треба да ја придружува секоја пратка, информира Агенцијата.

До Одделението за заштита на потрошувачи при АХВ лани биле поднесени само две претставки од потрошувачи кои се однесувале на квалитетот на медот. По извршената инспекциска контрола е констатирано дека претставките се неосновани.

– Медот што се пушта во промет доаѓа од објекти за пакување мед кои се одобрени од страна на АХВ и кои се контролираат од официјалните ветеринари. Моментно во земјава постојат 11 одобрени објекти за откуп и пакување мед, наведува Агенцијата.

Воедно подвлекува дека инспекциските служби вршат редовни контроли и на одгледувачите на пчели, но и на трговијата со мед и другите пчелни производи. При контролите на безбедноста, квалитетот на медот и означувањето направени минатата година, не се констатирани неусогласености.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла