Ирак бара враќање на Сирија во Арапска лига

Од:

Шефот на ирачката дипломатија Ибрахим ал Џафари денеска побара возобновување на членството на Сирија во Арапска лига.

– Во таа сала треба да присутни сите арапски партнери, за да можеме да ги сослушаме и да не слушнат, посочи Џафари на средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапска лига, што се одржува во Каиро.

Средбата се одржува неколку недели пред годишниот состанок на Арапска лига, чиј домаќин ќе биде Јордан.

Членството на Сирија во Арапска лига беше замрзнато во ноември 2011 година откако сунитските монархии од регионот на Персиски Залив застана зад сириските опозициски сили кои се борат против претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски