Во шумски предел во близина на местото Ганервил во континенталниот дел на северна Калифорнија, е изградена куќата „Лоивингер“ која поседува класичен дух, видлив уште во нејзиниот дрвен екстериер.
Но, за разлика од тардиционалниот надворешен изглед, ентериерот на викендичката се карактеризира со модерен дизајн, специфичен за секој современо уреден дом.
Куќата е сместена во повеќевековна шума, од чиј заден дел се пружа поглед кон Ганервил.
„Лоивингер“ е изградена од дрво од кедар, кое има клучна улога во креирањето на архитектонскиот стил на нејзиниот екстериер и воедно внесува природна топлина во животниот простор.
Во ентериерот доминира палета од неутрални бои со сиви, бели и црни нијанси кои целосно визуелно го менуваат амбиентот на куќата. Дрвото доминира и на таванот на дневната соба, од каде метални скали водат кон горниот кат.
На катот се сметсени три спални соби од кои се излегува на тераси од каде се пружа преубав поглед кон околниот пејзаж.