Директорот на „Тесла Моторс“, Елон Маск одлучи да прифати предлог на еден од неговите најмлади фанови и да организира натпревар за најдобра реклама на компанијата.
Таткото на 10-годишната Бриа го проследил нејзиното писмо до Муск преку Твитер, а во него оваа петтоодделенка предлага организирање на натпревар во изработка на реклама за „Тесла“.
Тоа што Бриа го потенцира е дека „Тесла Моторс“ нема развиен маркетиншки сектор кога се во прашање видео рекламите на телевиизја и интернет. Исто така, моментно достапните реклами се главно креирани во фан базите на калифорнискиот производител на електрични автомобили.
Бриа поради тоа му предложила на Маск да покрене натпревар за да го избере најдобриот и да добие совршена реклама за која не мора да плати.
– Тоа е нешто што фановите сигурно ќе го сакаат, а на победниците можете да им подарите една година бесплатно полнење или изненадување во рамки на нивниот нов Модел 3, напишало девојчето.
Се уште не е познато како и кога наведениот натпревар ќе биде организиран, ниту дали ќе биде на глобално ниво или само во САД.