На 69-от Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Киев, Грција ќе ја претставува пејачката Деми со нумерата „This is Love“.
Грчкиот претставник на овогодишниот Евросонг беше избран синоќа на посебна емисија во Атина.
Победникот беше избран со гласање преку телевоутинг и на жири. Гласањето од телевоутингот учествуваше во 70 отсто од вкупните гласови, а остантите 30 проценти гласови ги определи жири составено од Грци што живеат во Австрија, Азербејџан, Белгија, Германија, Грузија, Италија и Украина.