„Митцубиши“ сака да гради фабрика во Романија

Од:

Јапонскиот производител на автомобили „Митцубиши“ има намера во источна Европа да изгради нова фабрика за мотори, а засега прв фаворит за можната локација е Романија.

Претставници на компанијата на почетокот на месецов веќе разговарааа со романските власти, но до конечен договор се уште не е дојдено.

Како можни локации во Романија се наведуваат Тимишката област, во непосредна близина на границата со Србија, и централниот регион Прахова. На компанијата „Митцубиши“ важно и е фабриката да биде во близина на автопат, за да има добра транспортна врска со централна и западна Европа.

Инвестицијата ќе изнесува над 200 милиони евра и ќе овозможи отворање на нови работни места.

Романија не е единствената земја за која размислуваат во јапонскиот автомобилски бренд, со оглед на фактот дека „Митцубиши“ за изградба на нова фабрика разговара и со унгарските и словачките власти, каде, исто така, веќе постои развиена авто-индустрија.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска