Мареј ја зголеми предноста пред Ѓоковиќ

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј ја зголеми својата предност на лидерската позиција на АТП рејтинг листата и сега има 2.215 поени во однос на Новак Ѓоковиќ.

Мареј минатата недела триумфираше на турнирот во Дубаи и со тоа освои 500 поени, додека Ѓоковиќ е елиминиран уште во 3.коло на турнирот во Акапулко каде освои само 90 поени.

Британецот сега има 12.040 поени, додека Ѓоковиќ е н авторото место со 9.825.

По водечкиот тандем следуваат Стан Вавринка (Швајцарија) со 5.195 поени, Милош Раониќ (Канада) со 5.080, Кеи Нишикори (Јапонија) кој има 4.730 поени, шести е Рафаел Надал (Швајцарија) со 4.415 бода.

Во ТОП 10 уште се и: Марин Чилиќ (Хрватска) со 3.590 бода, Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.480, Доминик Тим (Австрија) 3.375 и Роџер Федерер (Швајцарија) 3.305.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата