(ВИДЕО) Циркус за време на обраќањето на Могерини во српското Собрание, Шешељ ја започна претседателската кампања

Од:

Војислав Шешељ денеска ја започна својата кампања за претседателските избори во Србија откако во српското Собрание, тој и членовите на неговата партија довикуваа и не ѝ дозволуваат на Федерика Могерини да го доврши нејзиниот говор.

Тој и неговите пратеници за време на говорот на Могерини скандираа „Србија, Русија, не ни треба Унија“ и викаа „уа“.

„Би било добро уште неколку пати да ја доведат Федерика Могерини во Собранието или некој од оние агресорски земји што не бомбардираа. Тоа би било уште поинтересно“ изјави Шешељ за новинарите.

Тој смета дека денеска радикалите испратиле клучна порака во врска со ЕУ и РУсија и да со скандирањето „Уа Вучиќ“ испратиле порака за тоа што мислат за власта и потегот да ја доведат високата претставничка на ЕУ.

На прашањето дали се точни тврдењата на претседателот на десничарското движење Двери, Бошко Обрадовиќ дека денешниот настан во Собранието бил испланиран во соработка во Вучиќ, Шешељ одговори дека Обрадовиќ е најобичен идиот.

Тој додаде дека радикалите се опозиција за себа и дека немаат ништо заедничко со прозападните партии.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија