Во Општина Карпош изгласани два Детални урбанистички планови

Од:

Советот на Општина Карпош на денешната 63 седница ги изгласаа двата детални урбанистички планови кои се однесуваат на Градската четврт Север-северозапад 01 во Злокуќани и на Градската четврт З 09 во урбаната заедница Владо Тасевски, меѓу булеварот Партизански одреси, улицата Франклин Рузвелт, како и булеварите. Македонија и 8-ми Септември.

Како што соопшти Општината, по презентацијата на планската документација, во дискусијата учествуваа советничката Добрила Андоновска од ГРОМ и независниот советник Панче Стојановски, додека советниците од СДСМ не покажаа никаков интерес по овие точки.

На седницата беа усвоени и останатите предлог-точки кои се однесуваат на Предлог-одлуката за воспоставување соработка меѓу Општина Карпош и Градот Скопје за изработка на заштитно-конзерваторски проекти, а со иста динамика беше усвоен и извештајот за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на полициската станица од Карпош за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош