По речиси три месеци пауза, а првенствено поради настапот на ракометната репрезентација на Македонија на Светското првенство во Франција, денеска продолжуваат натпреварите во домашното првенство.
Двата натпревара од 15.коло во Првата лига на програмата се денеска.
Од 18 часот ќе се игра дербито на колото, односно дуелот на двете првопласирани екипи Охрид и Пелистер, додека час подоцна (од 19 часот) ќе играат Металург 2 – Еурофарм Работник.
Утре се игра еден натпревар: Радовиш – Пролет, а оваа рунда ќе биде комплетирана со дуелите во недела Работнички – Прилеп и Борец – Вардар Јуниор.
Табела: Пелистер 34 бодови, Охрид 31, Еурофарм Работник 28, Борец 23, Прилеп 20, Радовиш 19, Пролет 19, Металург 2 18, Вардар Јуниор 11, Работнички 0.