Одбележан Денот на општина Тетово

Од:

Денот на општина Тетово, 3 март денеска беше одбележан во големата сала на општинскиот Совет.

По тој повод обраќање имаше градоначалничката на општината, Теута Арифи, која истакна дека Тетово претставувал град во кој водата за пиење била неколкучасовен луксуз, во кој главните улици биле со голем број дупки и немало зелени површини. Посочи дека Тетово денеска повеќе не се бетонира, има вода за пиење, посреден сообраќај, зеленило, како и асфалтирани улици без дупки.

– Градот може да се продолжи да се менува уште повеќе само доколку се движи во соодветен правец и само доколку неговите авторитети и граѓаните придонесат во процесот на неговата промена искрено и со убедување, чекор по чекор движејќи се кон правците на развојот за еден ден и да наликува на швајцарски град, рече Арифи.

Тетовската локална самоуправа по повод Денот на општината додели награди на личности, здруженија и организации кои со својата работа се истакнале во повеќе области и постигнале резултати од општествен интерес и за афирмација на градот и општина Тетово. Овој општински празник се празнува откако во 2003 година како ден на општина беше прогласен 3 март, датум на кој во 1992 година беше конституиран првиот повеќепартиски општински совет.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски