МАНУ: Одговорноста за состојбата е кај политичките партии

Од:

Претседателството на МАНУ во пишано обраќање до јавноста изразува длабока загриженост за актуелната политичка состојба во земјата, за долгото опстојување на кризата, за продлабочувањето на меѓупартиските тензии во постизборниот период, кои, како што наведува, наместо кон смирување, водат кон понатамошно комплицирање на состојбите, кон продлабочување на поделбите меѓу граѓаните на Македонија и кои продуцираат страв и немир пред големата неизвесност – што ќе донесе утрешниот ден.

– Претседателството на МАНУ повторно укажува дека за надминување на кризата и враќање на земјата на патот на правната држава, ефективно функционирање на независни судски и други институции, владеење на правото и ослободување и раздвижување на евроатлантските интеграциски процеси, најголема одговорност носат политичките партии и нивните раководства, наведува МАНУ во дописот.

Претседателството на Академијата оценува дека за расплетот на кризата неопходно е да престанат сите обиди за поттикнување омраза, непријателство, па дури и закани за пресметки врз национална, етничка или политичка основа и тие да се осудат од политичките партии, медиумите и од другите општествени субјекти, за да почне да се гради атмосфера на конструктивен, обединувачки и плодотворен дијалог.

Тоа посочува и дека дебатите за клучните реформски приоритети на земјата и комплексот на прашања од областа на меѓуетничките односи треба да се вратат и одвиваат во институциите на системот, а разрешувањето на прашањата кои ги тангираат меѓуетничките односи, кои, како што наведува, во екот на кризата дополнително се политизираат и заоструваат, да се одвива во смирена и демократска атмосфера, без условувања, низ конструктивен дијалог, толеранција, транспарентност и заемно почитување на сите политички чинители, во согласност со постојниот Устав на Република Македонија, законската регулатива и меѓународните норми и стандарди.

– За содржината и уставната заснованост на секое понудено законско решение во оваа сфера, МАНУ ќе се произнесе тогаш кога таквите решенија ќе бидат доставени на јавен увид и расправа. МАНУ очекува сите политички субјекти и државни институции да останат на рамништето на својата политичка и правна одговорност, воздржувајќи се од преземање какви било активности во правец на влошување на политичката криза, и својата декларирана определба, да им служат на народот, да ја изразат низ започнување неодложен меѓусебен отворен и јавен дијалог за стабилизација, демократски развој и забрзување на евроатлантските интеграции на Република Македонија, пишува во Обраќањето што по повод актуелните случувања го испрати Претседателството на МАНУ.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи