Воени сили, најверојатно американски, синоќа извршиле два напади врз цели на Ал Каеда во јужен Јемен.
Војниците со поддршка од воздух од дронови и хеликоптери „Апачи“ по полноќ влегле во селото Вади Јашбум, провинцијата Шабуа и се судриле со припадници на Ал Каеда. Судирот, според локалните жители, траел речиси половина час.
Една од целите на нападот бил доизведени оид 10 до 15 напади при што се погодени и куќи на цивили.
Три часа подоцна биле нападнати цели на Ал Каеда од воздух во реонот на Џабал Муган во соседната провинција Абјан. Судирот меѓу американските војници и припадниците на Ал Каеда, исто така, траел околу половина час.