НАТО ќе и помогне на Грузија во создавањето на ефикасни вооружени сили, изјави претседателот на Воениот комитет на НАТО, генерал Петар Павел на сердницата на Комитетот во Тбилиси.
Тој изрази благодарност до Грузија „за нејзиното активно учество во мировните мисии под патронат на НАТО и за учеството во силите за брза реакција на Алијансата“.
Грузискиот министер за одбрана Леван Изорија наведе дека одржувањето на седница на Воениот комитет на НАТО во Тбилиси „е доказ за тврдењата за поддршка на Грузија од страна на Алијансата“.
– Грузија е активно вклучена во процесот на стратешки дијалог за зајакнување на безбедноста во црноморскиот басен и веќе предложи конкретни иницијативи за тоа, во каква форма земјата може да се вклучи во сите три компоненти на програмата: копнен, воздушен и поморски, посочи Изорија по средбата со Павел.
Изорија додаде дека Грузија е подготвена да учествува во поголем број на поморски воени вежби н а НАТО и да ја претстави својата инфраструктура за различни маневри.