А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонската статистика на 30. место во свет на рангирањето на невладината ODW

by А1он03/03/2017 - 11:43107
Share0

Македонскиот статистички систем е рангиран на 30. место во светски рамки, на шесто место меѓу земјите од Јужна Европа и на прво место меѓу земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, во извештајот од истражувањето на националните статистички институции на 173 земји во светот за 2016 година, што го направи невладината организација Open data watch (ODW), која се занимава со истражувања и анализи на поврзаноста на отворените податоци (Open data) и официјалните статистички податоци.

Добивај вести на вибер

Во споредба со рангирањето во 2015 година, македонската статистика е повисоко рангирна за 24 места во светски рамки (54 место во 2015 година) иако во истражувањето за годинава првпат се вклучени и развиените земји, а не само земјите во развој.

ODW се залага за отворени податоци и работи со други невладини организации и меѓународни агенции на промоција на придобивките од користењето на отворени податоци, особено во земјите во развој. Во нивното истражување се оценува опфатот и отвореноста на официјалните статистички податоци достапни на веб-страниците на националните статистички заводи со цел да се идентификуваат недостатоците, да се промовираат политиките за отворени податоци, да се подобри пристапот кон податоците, како и да се охрабри дијалогот помеѓу националните статистички заводи и корисниците на податоци.

Податоците се групирани во три главни категории: социјални статистики, економски статистики и статистики на животната средина. Секоја од категориите се бодира во однос на опфатот и отвореноста на податоците врз основа на десет елементи: опфат и дисагрегирање, достапност на податоците за последните 5 години, достапност за последните 10 години, расположливост на податоците на ниво на општини и на ниво на населено место, потоа можностите податоците да се читаат со помош на машина, да се објавени во слободни формати (excel), податоците да може слободно да се преземаат, дали постојат метаподатоци за податоците, како и можноста податоците да се користат неограничено, без лиценци и само со наведување на изворот.

Од Државниот завод за статистика, како координатор на националниот статистички систем и носител на најголем број од статистичките истражувања во Република Македонија, велат дека и во иднина ќе продолжат со определбите и заложбите за професионално и независно продуцирање на навремени и веродостојни статистички податоци кои ќе ги задоволат потребите на корисниците, како и за проширување и збогатување на фондот на податоци преку воведување на нови истражувања во духот на современите текови во статистиката.

statistika

Би можело да ве интересира

ДЗС: Поскапеа услугите за транспорт и складирање, но и телекомуникациите

Горан Наумовски29/08/2025 - 14:12

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски27/08/2025 - 12:3927/08/2025 - 13:09

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Горан Наумовски31/07/2025 - 13:19

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 отсто на годишно ниво

Горан Наумовски07/07/2025 - 13:26

Зголемена стапката на морталитетот во Македонија, повеќе умираат мажите

Горан Наумовски19/06/2025 - 10:48

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески16/04/2024 - 10:4916/04/2024 - 10:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен