Никнуваат ѕидови на границите во светот

Од:

Танјуг – Белград

Во времето кога беше урнат Берлинскиот ѕид во 1989 година, постоеја 12 слични ѕидови ширум светот, а денес ги има 70 и подигнати се со цел да ги бранат државните граници, го пренесе АФП истражувањето на Елизабет Валет од Универзитетот во Квебек.

Претседателот на САД вложува напори да изгради ѕид долж јужната и југоисточната граница со Мексико, иако постои метална ограда која ја одобри поранешниот претседател на САД Џорџ Буш. Оградата е долга околу 1.060 километри и висока е пет метри, додека долж оградата се поставени рефлектори и камери за надзор.

Во Европа исто така постојат гранични ѕидови со кои се спречува влез на мигранти на териториите на државите.

Франција при крајот на 2016 година донесе одлука да изгради ѕид за „против-упад” и така да го блокира пристапот на пристаништето Кале во северна Франција, оневозможувајќи на мигрантите нелегален пристап до Велика Британија.

Унгарија подигна ограда долга 175 километри и висока четири метри долж границата со Србија во септември 2015 година, додека во октомври поставија друга ограда долж границата со Хрватска. Таква одлука донесе и Словенија.

Агенцијата наведува дека Бугарија во 2014 година почна со изградба на бариери од бодликава жица долж својата граница со Турција, што беше главна точка за влез за мигрантите кои сакаа да стигнат во Европа, а да не се впуштаат во ризично патување преку Средоземното Море поради кое во јануари оваа година настрадаа рекордни 288 лица.

Грција во моментот на својот економски слом стана главна точка за влез на мигрантите во Европа, поради тоа во 2012 година подигната е ограда од бодликава жица со должина од 11 километри на речната граница со Турција.

Шпанските енклави Сеута и Мелилја на северноафриканскиот брег, што е единствен копнен брег меѓу Африка и Европа, се заштитени со високотехнолошки огради, од кои секоја има околу 10 километри.

Израел почна со изградба на безбедносна бариера со должина од 712 километри со Западниот брег уште во 2002 година, со објаснување дека со тоа ќе се спречат нападите од страна на палестинските бунтовници. Критичарите наведуваат дека таа бариера е искористена за освојување на територии и воспоставување на граница која де факто го крши меѓународното право. Израелската бариера на некои места е висока до девет метри, а долж бариерата се наоѓаат караули и електронски камери.

Саудиска Арабија како одговор на јакнењето на терористичките групи на Исламската држава дополнително го обезбеди песочниот бедем висок седум метри и долг 900 километри со бодликава жица и систем за електронски надзор.

На надворешната граница меѓу Кашмир и Пакистан, Индија изгради бариера со должина од 750 километри, за да ги спречи упадите на пакистанските екстремисти. Индија исто така на својата граница со Бангладеш подигна ограда од бодликава жица во должина од 2.700 километри, за да го ограничи шверцот и миграцијата.

На границата меѓу Северна и Јужна Кореја, која е воспоставена во 1953 година, моментално се наоѓа тешко вооружување, сензори, нагазни мини и бодликава жица, присутни на потег од 250 километри кое претставува демилитаризирана зона.

Во Западна Сахара од 1980 година се наоѓа песочен ѕид долг 2.700 километри, поради судирот на Мароко и бунтовниците Полисарио кои се борат за контрола на Западна Сахара уште од 1970-тите години.

Ѕид ја дели островската држава Кипар на два дела, турски и грчки, што е последица на Турската инвазија на Кипар во 1974 година, го наведува АФП истражувањето на Елизабет Валет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа