Евролига: Гостинска победа за Фенербахче, а лидерот Реал Мадрид загуби во Истанбул

Од:

Екипата на Фенербахче оствари победа на гостувањето кај Жалгирис со 76:67, додека лидерот Реал Мадрид е поразен на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај со 87:84 во првите два дуела од 24.коло од Евролигата.

Ова за избраниците на тренерот Жељко Обрадовиќ (Фенербахче) беше 16.та победа сезонава во Евролигата. Најефикасен кај победникот беше Екпе Удох со 16 поени, додека Паулиус Јанкунас за Жалгирис постигна 15. Македонскиот интернационалец во дресот на Фенербахче Перо Антиќ за 15 минути имаше 3 поени и 4 скокови.

На другите дуели од 24.коло, кои досега завршија: Галатасарај – Реал Мадрид 87:84 и Црвена Звезда – Бамберг 74:60.

Вечерва играат уште: Макаби – Олимпијакос и Басконија – Армани Милано.

Утре на програма се натпреварите: Уникс – Анадолу Ефес, Дарушафака – Панатинаикос и Барселона – ЦСКА Москва.
Табела: Реал Мадрид 18-6 (победи-порази), ЦСКА 17-6, Олимпијакос 16-7, Фенербахче 16-8, Панатинаикос 14-9, Црвена Звезда 14-10, Анадолу Ефес 12-11, Басконија 12-11, Дарушафака 11-12, Жалгирис 10-14, Барселона 9-14, Бамберг 8-16, Макаби 8-15, Уникс 7-16, Галатасарај 8-16, Армани Милано 7-16.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска