Во напади на јеменските сили врз припадниците на Ал Каеда во провинцијата Мариб, вчера се убиени четворица бунтовници.
Цел на воздушните напади и артилериското гранатирање била една фарма на Саид бин Муајли, висок припадник на Ал Каеда, кој исто така погинал во нападите.
Операцијата на државните сили дојде еден ден по нападот од заседа во која се убиени осум војници, вклучувајќи и еден висок воен офицер.
Министерството за одбрана вчерашните напади ги нарече “терористичка заседа” и потврди дека меѓу убиените е и началникот на централниот воен регион на Јемен.
САД сметаат дека јеменскиот огранок на Ал Каеда е најопасен во светот и му помагаат на Јемен во борбата против исламистичките екстремисти.