Отсекогаш сте мечтаеле за среќно семејство? Првиот чекор кон тоа е успешен брак. Децата не ги решаваат брачните несогласувања, не се залажувајте. Следуваат неколку совети како да го направите подобар односот со партнерот, а со самото тоа и да ја зголемите среќата во семејството.
Бидете искрени
Не зборувајте работи, кои мислите дека партнерот сака да ги слушне. Тоа е само начин проблемите да се закопаат уште подлабоко, наместо да се отстранат.
Не се плашете од својата ранливост
Не го идеализирајте односот и не се трудете секогаш да бидете силни. Ако постојат проблеми тоа нема да ги реши.
Решавајте ги проблемите
Во секое семејство постојат проблеми, важно е на време да ги препознаете и да ги решите.
Покажете благодарност
Бидете благодарни за малите нешта. Нека тоа ви стане семејна традиција. Среќни не се оние кои имаат многу, туку оние на кои малку им е потребно за да бидат радосни.
Антистрес терапија
Без оглед на тоа дали станува збор за вашиот омилен спорт, читање добра книга или само одмор во мир и тишина, секогаш потрудете се да пронајдете време за решавање на стресот насобран на работното место. Среќната жена е најдобра мајка и сопруга.
Не ситничарете
Некои работи едноставмо мора да ги пуштите да одат по својот тек, наместо на нив да трошите скапоцено време и енергија.
Техничките уреди држете ги подалеку
Времето посветено на партнерот и семејството нека биде време без мобилни телефони, мејлови и повици. Оправданието дека мобилниот телефон ви треба дури и во спалната соба, затоа што на него е алармот за будење не е добар изговор. Купете часовник, а мобилниот оставете го надвод од интимниот простор.
Финансиска соработка
Договорете со партнерот колкав дел од приходот двајцата ќе одвојувате за трошоците за живот, но оставете си и пари на страна за да си дозволите себе си мали женски задоволства.
Не заборавајте датуми
Дури и по 50 години брак важно е да не заборавате датуми. Мал знак на внимание, бакнеж и прегратка ќе го направи денот посебен и без никакви подароци.
Најдете заеднички активности
Некои работи правете ги заедно, без разлика дали станува збор за гледање ТВ, одење во теретана, прошетка во природа или купување намирници. Важно е да имате нешто, заедничко, некој убав ритуал, кој со задоволство го повторувате.