Бејли: Иванов повторно да ја разгледа одлуката

Од:

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска го повика претседателот Иванов повторно да ја разгледа вчерашната одлука за недавање на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање нова влада. Истовремено Бејли ги повика и соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на политичка чувствителност во земјата.

– Како стратешки партнер на Македонија и како пријател со целосна почит кон македонскиот суверенитет и единство го повикуваме претседателот Иванов повторно да ја разгледа оваа одлука. Истовремено ги повикуваме македонските соседи да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овие моменти на чувствителност во земјата, изјави Бејли во кусата изјава.

САД, како што кажа Бејли, се разочарани од вчерашната одлука на претседателот Иванов, кој одби им да даде можност на претставниците кои имаат јасно мнозинство да формираат нова влада.

– Ова не е во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, кои се основни вредности и на НАТО, на пример, рече американскиот амбасадор.

Исто така тој потсети на ставот на Стејт департментот искажан во вторникот.

Бејли не сакаше да одговара на новинарски прашања по што се упати на средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија Семуел Жбогар и со амбасадорите на другите земји – членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Рубио најави нови санкции против Куба

Ново обвинение од Вашингтон: Обама поврзан со „рускиот фалсификат“

Багеи: Иран сè уште го разгледува предлогот на САД за прекин на конфликтот

Трамп: Паднаа во океанот како пеперутки во гробовите, прекрасно

САД бомбардираа ирански пристаништа и острови, Иран нападна американски воени бродови

Американците извршија напади врз иранските пристаништа