„Ѓорге Иванов не доделувајќи го мандатот изврши типичен пуч во државата. Иванов кој на сомнителен начин беше избран на оваа функција веќе повеќе кратно го силува Уставот, а овој пат и волјата на граѓаните на Република Македонија. Овој датум ќе биде запамтен како една црна дамка во историјата на независна Македонија.
Иванов, уште еднаш докажа дека не поседува државнички способности и демократски капацитет. Уште позагрижувачки е тоа што Иванов на свесен начин, само за одбрана на неколку криминогени политичари целата држава и нејзините граѓани ги изложува на сериозен ризик.
Загрижени сме што последните денови фашистичката реторика се` повеќе е присутна, тепани се новинари и се шири ненормална омраза врз етничка, религиска и идеолошка база. Но, очигледно ваквиот развој на настаните воопшто не го интересира Иванов.Скандалозно е што Иванов со ниту еден збор не ги осуди овие деструктивни појави. Тој и понатаму е послушник на политичко мртвиот Груевски и неговата погубна политика.
Партијата за Движење на Турците (ТХП) ги повикува сите граѓани на трезвеност и воздржаност. Ве уверуваме дека овие се последните залудни чекори на фашистичкиот режим кој веќе ги живее своите последни мигови.
Сметаме дека пучистичко-фашистичките идеи одамна се мртви во современиот свет и истите се осудени на пораз и во нашата татковина.
Бидете стрпливи, рационални и позитивни. Доаѓа живот за сите во Македонија“, се вели во соопштението на ТХП.